Бартомеу: Побаравме од Јуве да не известат кога ќе решат да го продадат Погба, но…

by
1 минути читање

Претседателот на
Барселона, Жозеп Бартомеу тврди дека клубот не можел да си дозволи да го
купи Пол Погба во летото 2016. година, кога Французинот се приклучи на
Манчестер јунајтед.

26 годишниот
фудбалер од средниот ред, кој е под договор со Премиерлигашот до 2021. година,
се пресели на Олд Трафорд по трансферот од Јувентус за 105 милиони евра, тогаш
рекорд во однос на трансферите.

Од тогаш, па
наваму, Каталонците потрошија повеќе откако ги ангажираа Филипе Кутињо и Осман
Дембеле, по продажбата на Нејмар во ПСЖ за 222 милиони евра.

Во летото 2015.
година, Пол Погба играше во Торино и ние едноставно побаравме од Јуве, доколку
еден ден се решат да го продадат, да имаат во предвид дека ние сме
заинтересирани
“ вели Бартомеу во интервјуто за ЕСПН.

Во моментите
кога се решаваше за неговата иднина, тие не известија за тоа каква понуда би
прифатиле а ние едноставно не можевме да си го дозволиме тоа во тој период
поради висината на цената
“ додаде тој.

Тој замина во
Манчестер јунајтед и во моментов тој е причината што тој клуб е подобар како
тим бидејќи Погба е една од ѕвездите во светот на фудбалот во моментов
“ заклучи
Бартомеу.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×