483
Енис Барди реши да остане во Турција, капитенот на Македонија потпиша со Бодрумспор до крајот на сезоната.
Откако доби раскин на договор со Трабзонспор, Енис Барди се поврзуваше со преселба во Шпанија и Хрватска.
Сепак, капитенот на Макеоднија реши да остане во Турција и денеска беше официјализиран неговиот трансфер во Бодрумспор.
Популарните „зелено-бели“ потпишаа со Енис Барди до крајот на сезоната и ќе го носи дресот со број 10.
Планот е Бодрумспор да донесе уште 2-3 квалитетни засилувања со кои ќе брка опстанок во најсилното првенство на Турција.