„Барселона заврши со засилувања ова лето“

by 24 фудбал
1 минути читање

Барселона го затвора летниот преоден рок без дополнителни засилувања, откри претседателот Жоан Лапорта. Каталонците се задоволни од составот, а нови имиња до крајот на август не се очекуваат.

Во принцип, нема да има повеќе трансфери. Имаме тим и тренерот сака да го засили првиот состав со играчи од Б-тимот. Ќе се обидеме да избегнеме болни заминувања. Нема да споменувам имиња, бидејќи сите се играчи на Барселона и сме задоволни од нив, но ќе има некои прилагодувања. Има премногу играчи на некои позиции и мора да се реагира. Тоа веќе е помеѓу Ханси Флик и Деко“, изјави Лапорта.

Ако неговите зборови се исполнат, Барса летово ќе остане само со три нови имиња: Маркус Рашфорд кој пристигна на позајмица од Манчестер Јунајтед, голманот Џоан Гарсија донесен од градскиот ривал Еспањол и талентираниот Швеѓанец Рони Баргџи

Наместо нови потписи, Флик ќе се фокусира на младинците и внатрешни решенија, додека спортскиот сектор ќе се обиде да расчисти со вишокот во ростерот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×