1,5K
Младинецот на Барселона, Пау Кубарси кој се промовираше во првиот тим и ги импресионираше сите, потпишува договор со каталонскиот клуб според кој долго ќе остане на Камп Ноу.
Сите документи се готови, Пау Кубарси ќе потпише договор кој ќе биде со трајност од четири ипол години.
Младиот дефанзивец треба да биде еден од столбовите на одбраната на Барселона во годините кои престојат.
Тој е важен дел од плановите на Деко за изградба на моќен тим.