Барселона загриза за српскиот стопер на Милан

by 24 фудбал
1 минути читање

Барселона наводно загриза за српскиот дефанзивец од Милан, Страхиња Павловиќ. Според информациите од Италија, Барселона е сериозно заинтересирана за Павловиќ и внимателно го следи неговиот развој на „Сан Сиро“. Покрај каталонскиот клуб, интерес покажале и Челзи и Арсенал.

Иако минатото лето се шпекулираше дека може да го напушти Милан, со доаѓањето на Масимилијано Алегри повторно доби вистинска улога и стана лидер на дефанзивната линија.

Павловиќ е фудбалер израснат во Партизан, од каде во 2020 година замина во Монако за 10 милиони евра. Подоцна настапуваше за Серкл Бриж, Базел и Салцбург, пред во летото 2024 да потпише за Милан за 18 милиони евра.

Во дресот на Србија има 48 настапи и четири погодоци, а сезонава веќе постигна еден гол во Серија А на шест натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×