Фудбалските
клубови обично користат три дреса, првиот кој е за домашни натпревари, вториот
за гостински и третиот кој ретко се користи и стои за секој случај.
Барселона планира
да ја наруши оваа традиција и според каталонскиот весникот Спорт, лидерите на
клубот и Најки изработиле четврти дрес за следната сезона.

Овој дрес е
инспириран од каталонското знаме, популарното „Сењера“, ќе биде жолт и ќе има
четири диагонални црвени линии, кои треба да го преставуваат историскиот момент
кога по една битка со крвави прсти на штит биле исцртани четири линии.
Спорт вели дека
Барселона со овој дрес ќе настапи на гостувањето кај Реал Мадрид на Сантијаго
Бернабеу, како и на останатите големи мечеви во сезоната.
„Каталонците“ за
следната сезона веќе имаат еден револуционерен дизајн и тоа на првиот дрес, кој
ќе биде во стилот на дресот на Хрватска.

Проверете го викенд тикетот на BetAdria.com.