Дани Олмо во последно време играше со одлична формаа во дресот на Барселона, меѓутоа сега се здоби со повреда поради ќе мора да паузира најмалку до почетокот на новата година.
Имено, Олмо заработии повреда на левото рамо и негово враќање може да се очекува во јануари 2026 година.
Плејмејкерот на каталонскиот гигант се повреди во 65. минута од вчерашното дерби против Атлетико Мадрид откако го постигна вториот гол за својот тим.Олмо по еден удар лошо падна на теренот и го измести рамото, теренот го напушти во болки и со мраз на рамото.
Информациите од Шпанија се дека Олмо се здобил со дислокаци со која имаше проблеми и во 2023 година кога го носеше дресот на Лајпциг, тогаш мораше да му биде извршена операција.
Сега, деталните прегледи ќе покажат дали ќе биде потребна хируршка интервенција.