Барселона во паника: Ламин Јамал неизвесен за „Ел Класико“

by 24 фудбал
1 минути читање

Младиот бисер на Барселона, Ламин Јамал, заработи повреда на натпреварот против ПСЖ и нема да биде во комбинација за претстојниот дуел со Севиља во Примера, ниту за репрезентативните обврски со Шпанија.

Каталонците се во голема неизвесност бидејќи настапот на 17-годишниот офанзивец на големото „Ел Класико“ против Реал Мадрид, закажано за 26 октомври, е под сериозен знак прашалник.

Тренерот Ханси Флик ја потврди лошата вест на прес-конференцијата пред натпреварот со Севиља и побара трпение во процесот на опоравување на младата ѕвезда.

Со ваков тип на повреда, многу е тешко да се предвиди дали ќе може да игра за три, четири или пет недели. Мораме да внимаваме на неговото оптоварување. Во моментов тренира со тимот за опоравување и ќе продолжи со нив во наредните недели. Ќе одиме чекор по чекор и ќе следиме како напредува“, изјави германскиот стратег.

Отсуството на Јамал би било голем удар за Барселона, бидејќи тинејџерот оваа сезона стана клучна алка во офанзивната игра и донесе свежина и креативност на десното крило.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×