Барселона во новата сезона ќе носи дрес посветен на Коби Брајант (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Барселона денеска го претстави својот втор дрес за новата сезона и тој е посебен затоа што е посветен на славниот Коби Брајант.

Заедно со „Најк“, Барселона одлучи да оддаде почит на НБА легеендата и на вториот дрес го додаде логото „Kobe Sheath“.

Важноста на договорот кој беше потпишан е на три сезони до сезоната 2027/2028, а оваа соработка исто така потсетува на љубовта која ја имаше Коби и кон фудбалот, посебно Барселона која беше негов омилен клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×