Барселона во Лион ја пронајде алтернативата за Кутињо

by
2 минути читање

Кутињо е приоритет, но
компликациите во преговорите со Ливерпул се чини дека се
повеќе ја оддалечуваат Барселона од Бразилецот, па така
постојат и други алтернативни решенија во евентуален нов неуспех во преговорите
за Кутињо.

Една од опциите е 24
годишниот фудбалер од редовите на францускиот прволигаш Лион, Набил Фекир кој
со своите фантастични изданија во последниот период го привлече на себе
големиот интерес на повеќе европски гиганти, пренесува каталонски „Спорт“.

Фекир има фантастичен
учинок во Лига 1, на 11 натпревари постигна исто толку и погодоци, а воедно
стана вистински предводник на Лион во последниов период.

Познато е дека
претседателот на Олимпик Лион, Жан Мишел Олас важи за тежок преговарач, па на
Барселона нема да и биде лесно ниту во овие преговори, доколку дојде до тоа
секако.

Каталонците се надеваат
дека по успешните преговори со Лион за Умтити ќе следи успех во преговорите и
за Фекир, додатно, францускиот клуб има голема предност во преговорите од
причина што Фекир има важечки договор со Лион до 2020. година, а неговата цена
на трансфер пазарот сигурно има вредност од над 50 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани