Барселона во голеада ја доби Славија Прага, Јувентус подобар од Мурињо и Бенфика (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Вечерва во Лигата на шампионите немаше поголеми изненадувања и фаворитите во главно ја оправдаа својата улога и забележаа очекувани победи.

Највозбудливо беше во Прага, каде што Барселона славеше со 4-2 против Славија во натпревар со дури шест погодоци. Домаќините први стрелаа преку Кусеј поведоа уште во 10. минута, но каталонскиот гигант брзо реагираше. Фермин Лопез со два гола во 34. и 42. минута направи целосен пресврт. Сепак, Славија израмни пред паузата, откако Роберт Левандовски ја погоди сопствената мрежа.

Во вториот дел избраниците на Ханси Флик не оставија простор за ново изненадување. Дани Олмо и Левандовски, кој овојпат погоди на вистинската страна, ги поставија конечните 4-2 за Барселона.

Во Торино, Жозе Мурињо имаше неуспешно враќање во Италија, откако неговата Бенфика беше поразена со 2-0 од Јувентус, клуб со кој има ривалство уште од деновите кога го предводеше Интер. „Старата дама“ до победата стигна во второто полувреме, со головите на Турам и Мекени.

 

Очекувани победи остварија и останатите фаворити. Ливерпул сигурно го совлада Марсеј со 3-0 на „Енфилд“, Челси со минимални 1-0 се спаси од кикс против Пафос, Баерн Минхен рутински беше подобар од Ројал со 2-0, Њукасл убедливо го надигра ПСВ со 3-0, додека Атлетик Билбао славеше на гостувањето кај Аталанта во Бергамо со 2-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×