Барселона во Челси има сериозен ривал за потписот на Лаутаро

by
1 минути читање

Челси е подготвен
да води битка на трансфер пазарот со Барселона околу потписот на напаѓачот на
Интер, Лаутаро Мартинез, известуваат во Шпанија, а ваквите најави не се никакво
изненадување со оглед на фактот што касата на Челси е доста богата најмногу поради
претходната суспензија за трансфери, со што истата „мируваше“ извесен период.

Аргентинскиот
напаѓач има откупна клаузула во договорот со „Нероаѕурите“ во висина од 111
милиони евра, меѓутоа истата важи само за првите две седмици од месец јули.

Шпанскиот весник
„Спорт“ денеска пренесе дека Челси е подготвен да ја исплати целата сума, а со
самото тоа Барселона добива сериозен ривал во битката за потписот на Лаутаро,
кој сигурно нема лесно да ја отфрли опцијата да игра во Премиерлигата.

„Мундо Депортиво“
наведува дека Барселона во сопствените редови има фудбалер кој тренерот на
Интер, Антонио Конте очајно го посакува во својот состав, станува збор за
Артуро Видал, а Чилеанецот е комбинација за понудата на Каталонците, која би
изнесувала 69,5 милиони евра плус Видал.

22 годишниот
Лаутаро импресионираше сезонава со 16 погодоци на 31 натпревар во сите
конкуренции, вклучително и шест во Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×