Барселона уште не се освести од киксот против Жирона, доби шамар и од Леганес (ВИДЕО)

by
1 минути читање

За две кола Барселона успеа да загуби дури пет бода, откако во минатото коло одигра дома 2-2 со Жирона, денеска загуби на гостувањето кај Леганес.

Каталонците одлично го почнаа натпреварот, во 12. минута Кутињо постигна прекрасен гол за водство од 1-0. Пет минути подоцна Меси ја погоди пречката од голот на Леганес.

Се чинеше дека Барселона ја има контролата на натпреварот кога во 52. минута Ел Жар со глава реализираше за изедначување на 1-1.

Барселона уште не беше освестена од шокот, во следниот напад нов погодок за Леганес, Пике направи катастрофална грешка по која Оскар реализираше за 2-1.

Барселона до крајот не создаде доволно шанси за да се спаси од пораз, имаше една двојна можност преку Кутињо и Ракитиќ, но голманот Куељар фантастично одбрани.

Реал Мадрид вечерва и гостува на Севиља и само со еден освоен бод би бил осамен на врвот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×