Барселона тргнува по двајца Бразилци, ги троши парите од Нејмар, или му носи сонародници на напаѓачот?

by
1 минути читање

И додека Нејмар е топ тема и се најавува негов рекорден трансфер во ПСЖ, медиумите од Каталонија денеска пренесуваат дека Барса тргнува по двајца Бразилеци.

Спорт пишува дека преставници на Барса се во Лондон во обид да го договорат трансферот на Филипе Кутињо.

Ливерпул веќе одби 80 милиони евра и порача дека плејмејкерот не е на продажба, но „Каталонците“ веруваат дека ќе можат да го договорат трансферот за 100 милиони евра.

Мундо Депортиво исто така пишува дека Барса работи на трансферот на Кутињо, и додава дека се водат преговори за уште еден Бразилец.

Се работи за Паулињо од Гуангжу, кој јавно призна дека сака преселба на Камп Ноу.

Останува да се види дали со овие два трансфери Барса веќе ги троши парите од Нејмар или пак носат сонародници за напаѓачот во обид да го направат посреќен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани