Барселона тргна по Шкриниар, а Интер постави услов кој не им одговара на Каталонците

by
1 минути читање

Дефанзивецот на
Интер, Милан Шкриниар е цел на Барселона, според пишувањата за словачкиот
дефанзивец на одредени медиуми.

Словакот е веќе
во преговори со Нероаѕурите за продолжување на соработката со калчолигашот, но,
барем засега нема никакви најави дека ќе се постигне некаков договор помеѓу
обете страни.

Манчестер
јунајтед исто така беше поврзуван со Шкриниар извесен период во летото, а сега
се шпекулира дека Барселона се подготвува да испрати понуда до тимот од Милано.

Sport SME пишува дека шефот на стручниот штаб на
Каталонците, Ернесто Валверде е загрижен за моменталната ситуација во
дефанзивната линија, особено по повредата со која се здоби Самуел Умтити.

Валверде веќе ги
повикал челниците на клубот да ангажираат дефанзивец, но, бараната сума на
Интер во висина од 85 милиони евра извесно е дека не се вклопува во плановите
на Каталонците.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×