Познатиот агент, Жозеп Мариа Мингеља смета дека е лудост Барселона да одвои 60 милиони евра за ангажман на Дани Олмо од РБ Лајпциг.
Дани Олмо е првото звучно засилување за „каталонците“ ова лето, по долги преговори, Барселона и РБ Лајпциг оваа недела си подадоа рака.
Сепак, познатиот агент Жозеп Мариа Мингеља не се сложува со оваа зделка.
„Дани Олмо не е лош, тој е добар играч, со добра техника и квалитет, но неговата цена е огромна, лудост е Барселона да плати 60 милиони евра за играч кој нема да биде одлучувачки, на неговата позиција веќе има неколку фудбалери“ – вели Мариа Мингеља.
„Доколку Дани Олмо не игра, некој друг ќе ја покрие позицијата и ништо нема да се случи“.
Мариа Мингеља има учествувано во доста големи зделки на Барселона, како Марадона, Стоичков, Ромарио, Ривалдo, Меси и многу други.