274
Според пишувањата на Атлетик, Барселона поставила дури осум фудбалери на продажба и чека примамливи понуди за да започне сериозни преговори.
„Каталонците“ ова лето сакаат да ги ангажираат Нико Вилијамс и Дани Олмо во пакет, но задачата нема да биде лесна поради финансиските проблеми.
Па за да се реализираат овие зделки, веројатно ќе бидат жртвувано некое звучно име.
Како што пренесува Атлетик, на листата за отстрел има дури 8 имиња, и Барса чека примамливи понуди за да започне сериозни преговори.
Најзвучни се имињата на Френки де Јонг, Роналд Араухо и Рафиња. Се чекаат понуди и за Феран Торес, Витор Роке и Ансу Фати.
А поради големата конкуренција во одбрана, се бара купец и за Клемен Ленгле и Микајил Фаје.