699
Барселона во рок од осум минути постигна три гола и брзо го реши дербито против Севиља.
Резултатот го отвори Луис Суарез со фантастичен погодок во 25. минута. Три минути подоцна Меси постигна гол за 2-0, а во 33. минута Аргентинецот со нов гол ги постави конечните 3-0.
Зинедин Зидан реши на дуелот против Леганес да настапи без своите три главни ѕвезди, Бејл, Бензема и Роналдо, но Реал Мадрид има и други фудбалери па го доби дуелот со 4-2.
Ѕвезда на вечерта беше Мората со хет-трик, еден погодок беше дело на Хамес Родригез.
Во другите натпревари во Шпанија, Осасуна со 1-0 го победи Алавез на негов терен, идентичен триумф имаше и Малага кај Хихон, немаше голови на дуелот помеѓу Ла Коруња и Гранада.