Барселона собира таленти, доаѓаат „бисери“ од Египет, Англија, Холандија и Уругвај

by 24 фудбал
1 минути читање

Барселона продолжува со стратегијата за градење на иднината и договори уште еден млад талент. Египетскиот напаѓач Хамза Абделкарим, кој има 18 години, пристигнува во редовите на каталонскиот гигант од Ал Ахли.

Абделкарим во првата фаза ќе настапува за резервниот тим на Барселона, а трансферот е договорен како позајмица со можност за постојан договор доколку ги исполни очекувањата. Фиксниот дел од зделката изнесува три милиони евра, додека со бонуси Ал Ахли може да заработи и до пет милиони евра.

Младиот Египќанец привлече внимание со настапите за репрезентацијата до 17 години, каде постигна два гола на последното Светско првенство, а вкупно има 12 погодоци на 15 натпревари за националниот тим.

Покрај Абделкарим, Барселона ги договара и талентите Ајџеј Таравес од Норич, уругвајскиот играч Патрисио Пацифико од Дефенсор Спортинг и холандскиот талент од Генк, Џувенсли Онстајн за кој се интересираше и Милан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×