Со финалето од
Копа дел Реј на ум, Ернесто Валверде направи дури осум промени во составот за
гостувањето кај Селта, Барселона излезе на терен со втор тим.
Семедо, Мина,
Вермален и Дињ беа во одбраната, Андре Гомеш и Паулињо во средниот ред, а
Кутињо, Денис Суарез, Дембеле и Алаксер во нападот. Голманот Тер Штеген беше
капитен на тимот.
Со ваква постава,
Барса урна една убава традиција, и по 16 години за прв пат во старните 11
немаше член на „Ла Масиа“. „Каталонците“ се посебно горди на својата школа, но
долги години немаат извадено голем талент.

Жерард Пике,
Серхио Бускетс и Андрес Иниеста не беа ниту во составот а Лео Меси и Серхи
Роберто мечот го почнаа од клупата за резерви, каде беа уште двајца играчи, Жорди
Алба и Алеш Видал, кои имаат поминато некоја година во „Ла Масиа“. Најблиску до
играч од школата беше Денис Суарез, кој има настапувано за Барселона Б но
откако претходно ги помина академиите на Селта и Манчестер Сити.
Уште еден податок
кој говори дека Барселона во последно време многу повеќе се наслонува на
трансферите а не на својата популарна „Ла Масиа“ говори и фактот дека овој втор
тим вреди околу 500 милиони евра.
Секако речиси половина од сумата се препишува на Филипе Кутињо и Осман Дембеле,
но Лукас Дињ (20 милиони евра), Андре Гомеш (40 милиони евра), Паулињо (40
милиони евра) и Пако Алкасер (30 милиони евра) не се ефтини засилувања.
Исто така, не
многу одамна (25. ноември 2012), Барселона под водство на Тито Виланова имаше
историски единаесетмина на теренот и против Леванте играше само со членови на „Ла
Масиа“: Валдес, Монтоја, Пике, Пујол, Жорди Алба, Чави, Бускетс, Сеск, Педро,
Меси и Иниеста.