Барса сигурно го чува врвот во Примера откако во деветото коло ја забележа осмата победа, овој пат жртва беше Малага.
Натпреварот почна со контроверзен момент, во втората минута Делофеу постигна гол по асистенција од Дињ. Топката која ја удри Дињ беше длабоко излезена во гол аут и фудбалерите на Малага не можеа да поверуваат како судиите не го видоа тоа, но погодокот беше признаен, Барса поведе со 1-0.
Барса доминираше во текот на целиот меч, а вториот погодок се случи во 56. минута кога по асистенција од Лео Меси, Иниеста постигна гол за конечни 2-0.
Победата можеше да биде и поубедлива, но домаќините не реализираа неколку убави шанси.
Дербито помеѓу Валенсија и Севиља го добија домаќините со убедливи 4-0. Валенсија покажа дека е во фантастична форма, на табела во моментов е на второто место и се уште нема доживеано пораз.
Во другите денешни натпревари Бетис со 2-0 го победи Алавес, а Леванте и Гетафе одиграа нерешено 2-2.