Според пишувањата на ТВ3, Барселона не се откажува од намерата да го ангажира Нико Вилијамс, „каталонците“ веруваат дека напаѓачот бил принуден да го сними видеото со кое вчера ги поздрави напаѓачите на Атлетик Билбаи и најави дека останува на Сан Мамеш.
Нико Вилијамс е главна трансфер цел на Барселона ова лето, но се чини напаѓачот реши да продолжи во Атлетик Билбао.
Тој синоќа се врати на тренинзите, и Атлетик Билбао објави видео на социјалните мрежи, во кое Нико Вилијамс ги поздрави навивачите и порача: „Се вратив и со нетрпение чекам да ја почнам новата сезона. Напред Атлетик!“
Ongi etorri etxera, @willliamsssnico‼️
— Athletic Club (@AthleticClub) August 6, 2024
Nico Williams ya está en Lezama #AthleticClub pic.twitter.com/jkljokSq86
Но како што пренесува ТВ3, во Барселона биле прилино изненадени, па дури и шокирани, од објавата.
Лидерте на „каталонците“ сметата дека Нико Вилијамс бил принуден да го сними видеото, играчот подлегнал на притисок од Ернесто Валверде, семејството и особено братот Нико Вилијамс, кој инсистира да одиграат уште една сезона заедно.
Во Барселона се убедени дека Нико Вилијамс сака да игра покрај Ламине Јамал, па затоа се до крајот на преодниот рок ќе се обидуваат да го ангажираат,