Барселона се вклучи во трката за српскиот голгетер на Јувентус

by 24 фудбал
1 минути читање

Барселона сериозно ја разгледува можноста за ангажман на Душан Влаховиќ и веќе презела конкретни чекори во таа насока, јавуваат медиумите од Шпанија.

Каталонскиот клуб воспоставил контакт со претставниците на српскиот напаѓач, со што практично го означил почетокот на потенцијалната трансфер приказна. Влаховиќ подолго време е на радарот на Барселона, а причината е јасна. Неговиот договор со Јувентус истекува на крајот од сезоната, што отвора можност тој да пристигне како слободен играч. Во такво сценарио, Барселона би добила квалитетно решение во нападот и долгорочна опција како наследник на Роберт Левандовски, без дополнителен финансиски товар за обештетување, што е исклучително важно за клубот со оглед на актуелната финансиска состојба.

Преговорите меѓу Влаховиќ и Јувентус за продолжување на соработката веќе извесно време се во ќорсокак и засега нема конкретен напредок.

Освен Барселона, отворен интерез за српскиот напаѓач покажаа Милан и Ливерпул.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×