Барселона се соочува со нов проблем: Каталонците не знаат каде ќе ги играат нокаут натпреварите од Лигата на шампионите

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Барселона мора да размислува каде ќе ги игра своите натпревари во вториот дел од сезона.
Иако не е потврдено, но се повеќе станува јасно дека нема да може да се вратат на „Камп Ноу“ до следната сезона, но сега се соочија со нов проблем.

Имено, Барселона нема да може да игра натпреварите и на „Монжуик“ поради обврските кои ги има градот со стадионот. Од таа причина мораат да бараат алтернатива.

Според правилата на УЕФА стадионот кој ќе биде избран на половина од сезоната мора да се користи до крајот на сезоната и токму затоа Управниот одбор на Барса ќе мора да одреди стадион на кој ќе игра во блиска иднина.

Како што пренесува „Марка“, постојат две опции за Барселона. Ако Барселона не биде помеѓу најдобрите осум на групната табела ќе мора да игра плеј-оф, па така стадионот ќе треба да го избере пред 31 јануари за кога е закажана ждребката.

Ако сепак биде помеѓу првите осум што е реална опција бидејќи се второпласирани ќе имаат нешто повеќе време. Во тој случај ќе треба да одлучат пред 21 февруари.

Доколку „Камп Ноу“ не биде готово, Барселона ќе мора да бара алтернатива затоа што „Монжуик“ нема да биде опција. Се споменува стадионот на градскиот ривал Еспањол кој ги исполнува барањата на УЕФА и има капацитет од 40.000 гледачи. Исто така опции се Валенсија или Мадрид со „Ванда Метрополитано“, но тука може да биде проблем тоа што и Атлетико е дел од ЛШ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×