Манчестер јунајтед оваа сезона на гостински терен ги победи Јувентус и ПСЖ, па Барселона и покрај победата на Олд Трафорд знае дека работата се уште не е завршена.
„Она што ме плаши најмногу е духот кој тие го имаат. Ги почитуваме како тим и историјата која ја имаат“, вели Валверде.
„Можете да го почувствувате нивниот дух на теренот и мислам дека тоа ќе го видиме утре. Доколку сакаме да се соочиме со тоа треба да го покажеме нашето вистинско светло“.
„Не знам што ќе покаже утре Манчестер јунајтед, но знаеме што направија оваа година во Лигата на шампионите. Од четири гостински натпревари победија само на три, мораме да бидеме внимателни“.
„Секој тим ќе се обиде да ја игра својата игра базирана на играчите кои ги има и ние ќе се обидеме да ја играме нашата игра“.
„Меси е подготвен за игра по ударот кој го имаше. Точно е дека имаше проблеми за време на мечот, но сега е добар“.