154
Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез силно се поврзува со летен трансфер во Барселона, но „Мундо Депортиво“ смета дека тоа нема да се случи.
Нивните информации велат дека Барселона нема намера да ја плати откупната клаузула од 111 милиони евра за Лаутаро, а Интер сигурно нема да го продаде напаѓачот за друга сума.
Приоритет за Бартомеу во летниот преоден рок ќе биде враќање на Нејмар. Претседателот на Барселона смета дека тој потег ќе биде подобар за да се крене нивото на тимот.
За разлика од Бартомеу, стручниот штаб на Барселона го преферира Лаутаро, но во корист на претседателот оди фактот што Меси повеќе сака да игра заедно со својот пријател Нејмар, отколку со сонародникот Лаутаро.