Неколку шпански медиуми најавија дека Душан Влаховиќ е сè поблиску до трансфер во редовите на Милан, откако Барселона одлучила да го олади интересот за српскиот напаѓач.
Фудбалерот на Јувентус се наоѓа во завршна фаза од договорот со клубот од Торино и постои реална можност следното лето да замине како слободен играч. Токму таа ситуација ја користи Милан, кој во моментов е во пол позиција за негов ангажман на играчот кој е огромна желба не тренерот Масимилијано Алегри.
Барселона, иако размислува за иднината без Роберт Левандовски кој би можел да замине по завршувањето на сезоната, не била убедена од формата на Влаховиќ, но и од неговите високи финансиски барања. Напаѓачот инсистира на плата од 12 милиони евра по сезона, што претставува сериозна пречка за Каталонците, но и за „росонерите“ па тој ќе мора да ги смали барањата.
Дополнително, учинокот од 6 гола на 17 натпревари оваа сезона не бил доволен за да ја убеди Барса да влезе во конкретни преговори, па Милан ја презема иницијативата и сериозно работи на можноста да го донесе српскиот репрезентативец на „Сан Сиро“ следното лето.