Барселона се договорила со Кутињо, но Клоп е категоричен, Германецот испрати јасна порака до Каталонците

by
1 минути читање

Веќе пишувавме дека Барселона има пеколно тешка задача во обидите да се засили со Филипе Кутињо, наводно каталонскиот гигант и Бразилецот веќе се договориле, меѓутоа
конечната одлука треба да ја даде Јирген Клоп, барем така навидум изгледа
целата ситуација.

Ливерпул веќе
одби две понуди од кои последната изнесуваше фантастични 100 милиони евра,
Барселона според неофицијалните информации кои пристигнуваат подготвува и трета
која е за 20 милиони евра повисока во однос на претходната.

Но, Јирген Клоп е
решителен во намерата да го задржи моторот на тимот и за следната сезона, барем
така најави со последната изјава која ја даде во однос на оваа тема.

Не постои сума
за која би прифатиле да го продадеме…
“ прокоментира на кратко стратегот од
клупата на Ливерпул во изјава за германски „Скај“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани