250
Нико Вилијамс би требало да стане фудбалер на Барселона во летниот преоден рок, клубот напорно работи да најде решение за да го донесе одличниот играч во својот тим.
Барселона и Нико Вилијамс постигнале договор за личните услови. Фудбалерот ќе стави потпис на шестгодишен договор.
Тој ќе биде со трајност до јуни 2031 година, а платата ќе му биде околу 7/8 милиони евра годишно.
Барселона има проблем со финансискиот фер-плеј па не може едноставно да ја плати откупната клаузула од договорот на Вилијамс со Билбао која изнесува 58 милиони евра.
Каталонците во моментов бараат решние за оваа ситуација. Тоа може да биде продажба на играчи или пак некој договор со Атлетик Билбао за плаќање на рати.