Барселона сака да го искористи хаосот во Италија и за ситни пари да го купи Бастони

by bojan
1 минути читање

„Каталонците“ подолго време го меркаат Алесандро Бастони и сега се обидуваат да го искористат хаосот во Калчото за да го купат дефанзивецот на Интер на голем попуст.

Низ медиумите често се пишува за можен трансфер на Алесандро Бастони на Камп Ноу и првично се шпекулираше дека „нероаѕурите“ поставиле цена од најмалку 70 милиони евра, која со лесно остварливи бонуси може да се искачи и до 80 милиони евра.

Но дефанзивецот сега е еден од најомразените ликови во Италија откако поцрвене против БиХ во баражот и директно влијаеше врз новото разочарување на „аѕурите“ кога се во прашање Светските првенства.

Па Барселона сака да го искористи ова и на голем попуст да го купи Алесандро Бастони, „каталонците“ во овој момент нудат само околу 45 милиони евра.

Во меѓувреме, легендарниот Џузепе Бергоми го советува Алесандро Бастони што поскоро да ја промени средината.

„Ќе мора да ја напушти Италија за неговата сопствена безбедност. Да, ќе останеме без голем талент, еден од најдобрите дефанзивци во модерниот фудбал. Но за жал, ќе мора да се пресели во странство за неговата сопствена безбедност“ – вели Бергоми за ситуацијата со Бастони.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×