Барселона сака беспари да донесе две засилувања од Бундеслигата

by bojan
1 минути читање
Флик

Како што пишува Мундо Депортиво, Барселона сака следното лето да ги ангажира Џошуа Кимих и Џонатан Та како слободни играчи, и да донесе две квалитетни засилувања без да плати обесштетување.

Трансфер пазарот заврши пред 10 дена, но нема одмор за спортските директори, кои продолжуваат да работат на потенцијални зделки.

Како што пренесува Мундо Депортиво, Деко има два приоритети, ангажман на Џонатан Та и Џошуа Кимих.

Двајцата се под договор до јуни 2025, па спортскиот директор на Барселона сака да ги донесе без да плати обесштетување.

Џонатан Та веќе соопшти дека нема намера да стави потпис на нов договор и сака нова авантура, додека пак Џошуа Кимих се уште нема кажано какви му се плановите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани