Голем број на извори од Шпанија пренесуваат дека Барселона во следните 48 часа ќе го продаде Витор Роке на Палмеирас во зделка вредна 25 милиони евра за 80% од правата на играчот, плус бонуси.
„Каталонците“ ќе реализираат важна продажба која ќе влијае позитивно на финансискиот извештај и ќе отвори простор во сметката за плати во пресрет на летниот преоден рок.
Голем број на извори пренесуваат дека Барселона во следните 48 часа ќе го испрати Витор Роке во Палмеирас во зделка вредна 25 милиони евра за 80% од правата на играчот, плус бонуси.
За да се реализира овој трансфер, зелено светло треба да даде и Бетис, па Барселона води интензивни преговори со „зелено-белите“ за да пронајдат заеднички јазик.
Витор Роке во моментов настапува како позајмен на „Бенито Виљамарин“ и Бетис има опција во целост да го купи по крајот на сезоната, или пак да го позајми на додатни 12 месеци.
Се верува дека ќе биде пронајден компромис со тоа што Бетис ќе добие уште 30% од сопственоста на Ез Абде (сега фудбалерот е 50-50 во сопственоста на Бетис и Барселона).
Во моментов Ез Абде се проценува на околу 15 милиони евра, па тоа значи дека компензацијата би изнесувала околу 4,5 милиони евра за Бетис да дозволи Витор Роке да биде продаден во Бразил.