214
Барселона не успеа во намерата да го донесе Нејмар изминатото лето, но нема да се откаже, ќе се обиде да го направи тоа и пред почетокот на следната сезона.
„Ле10Спорт“ тврди дека Барселона размислува да го понуди Гризман на ПСЖ иако тој на Камп Ноу пристигна како големо засилување.
Причината е што времето поминува а Гризман никако да се спои со Лионел Меси. На Аргентинецот повеќе ќе му одговара ако во нападот го има Нејмар.
Барселона не почна како што се очекуваше во новата сезона, па раководството е подготвено да направи промени во играчкиот кадар иако впечаток е дека треба да почне од тренерската позиција каде Валверде добива преголем кредит.