Барселона „пукна петарда“ против Комо и го освои „Жоан Гампер“ трофејот (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Барселона стигнаа до „Жоан Гампер“ трофејот откако со 5-0 славеа над Комо.

Каталонскиот гигант издоминира против калчолигашот и заслужено запиша убедлив триумф. Резултатот беше отворен по 21 минута игра кога погоди Фермин Лопез, а истиот фудбалер 15 минути подоцна се погрижи и за 2-0. Рафиња ја искористи асистенцијат на Рашфорд о 37. минута за 3-0, додека Јамал пред крајот на првиот дел постигна гол за 4-0.

Можеше Барселона да потигне и петти гол во првото полувреме, но Рашфорд во последните секунди од првиот дел промаши празен гол.

Во второто полувреме Барселона сигурно ја одржуваше предноста за конечниот резултат да го постави Јамал со својот втор гол во 49. минута.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×