Барселона против ПСЖ рунда број 2: „Светците“ сакаат нов рекорден трансфер од 230 милиони

by bojan
0 минути читање

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека ПСЖ е подготвен да го собори трансфер рекордот и со 230 милиони евра за ангажман на Ламин Јамал од Барселона.

„Светците“ во 2017 направија потрес на трансфер пазарот кога одвоија неверојатни 222 милиони евра за ангажман на Нејмар.

Оваа зделка ги заостри односите помеѓу двата клуба, а сега се најавува и рунда број 2.

Одредени извори од Шпанија говорат дека ПСЖ е подготвен да плати 230 милиони евра за ангажман на Ламин Јамал.

„Каталонците“ се во финансиска криза, сумата е примамлива, но тешко дека ќе ја продадат својата најголема ѕвезда.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×