Барселона пронајде засилување и тоа во – Холандија!

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Барселона сака да ја засили конкуренцијата на Жил Кунде и според последните информации нова мета на каталонскиот гигант Живаиро Рид.

Станува збор за десен бек од Феенорд кој има само 18 години, но веќе е стандарден член на гигантот од Ротердам. Сезонава Рид настапи на 17 натпревари во холандското првенство и во нив забележа шест асистенции, додека во Лигата на шампионите собра три настапи.

Според „Трансфермаркт“ неговата цена изнесува четири милиони евра, но јасно е дека холандскиот гигант ќе побара многу повеќе.

Договорот на Живаиро со Феенорд има важност до летото 2028 година, па во клубот сигурно нема да брзаат со неговата продажба.

Освен Барса неговите настапи ги следи и Ливерпул кој се очекува да биде активен бидејќи се најавува заминување на Трент Александер Арнолд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани