913
Потенцијалниот трансфер на Маркус Рашфорд во Милан пропадна, откако „росонерите“ се решија за Кајл Вокер. Поради тоа Манчестер Јунајтед решението го пронајде во Шпанија.
Според тамошните медиуми, Рашфорд би можел наскоро да се приклучи на екипата на Барселона. Каталонскиот гигант би сакал да го доведе Рашфорд на шестмесечна позајмица, а потоа би можело да се преговара за неговата иднина.
Сепак, голема пречка за Барселона е платата на Англичанецот од девет милиони евра. Тие бараат од Манчестер Јунајтед да исплаќа 50% од примањата на Рашфорд.
Сезонава Маркус Рашфорд за Јунајтед одигра 24 натпревари, постигна седум гола и запиша три асистенции.