Барселона пред договор со првото јануарско засилување!

by Стефан
1 минути читање

Португалскиот репрезентативец Жоао Кансело е на чекор до камбек во европскиот фудбал, а својата кариера ќе ја продолжи во редовите на Барселона, иако во изминатиот период како сериозна опција се споменуваше и Интер.

Дека трансферот е во завршна фаза потврди и спортскиот директор на каталонскиот клуб, Деко по вчерашниот натпревар на Барселона во шпанскиот Суперкуп.

„Се надеваме дека сè ќе биде завршено наскоро. Сè уште не ги поминал лекарските прегледи, но набрзо ќе патува за Барселона. Верувам дека се ќе помине во најдобар редд“.

Клучен фактор за реализацијата на договорот била силната желба на самиот Кансело повторно да го облече дресот на клубот кој го чувствува како свој дом. И покрај тоа што, според шпекулациите, понудата од Интер била финансиски поповолна, претходно дел од Барселона, Кансело беше во сезоната 2023/2024.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×