Како што пренесува весникот Спорт, Барселона се откажува од намерата да го ангажира Нико Шлотербек, „каталонците“ сметаат дека Германецот ја нема потребната брзина за да се вклопи во стилот на игра кој го форсира Ханси Флик.
Нико Шлотербек нема намера да стави потпис на нов договор со Борусија Дортмунд, па летоска ќе биде ден од најбараните дефанзивци – Барселона, Реал Мадрид и Баерн Минхен ја предводат трката.
Но како што пренесува Спорт, „каталонците“ решиле да се повлечат поради една причина.
И покрај тоа што Нико Шлотербек одлично се снаоѓа во играта со нога и дистрибуција на додавања, клубот од Камп Ноу смета дека тој ја нема потребната брзина за да вклопи во стилот на игра кој го форсира Ханси Флик.
Фокусот на Барселона ќе биде на други двајца играчи – Алесандро Бастони од Интер, и Мики ван де Вен од Тотнем.
ФОТО: X/Borussia Dortmund