Според
информациите кои ги објави францускиот весник „Л’Екип“, се вели дека ПСЖ ја одбил понудата на
Барселона за Нејмар, која изнесувала 40 милиони евра, а дополнително во пакет
биле понудени Кутињо и Ракитиќ.
Во текот на
вчерашниот ден, шефот на стручниот штаб на францускиот првак, Томас Тухел
потврди дека Бразилецот сакал да си замине од ПСЖ, а за него постојано се
споменува дека е можно да се врати на „Камп Ноу“.
По ангажманот на
Гризман, Барселона во моментов не е во позиција да се „расфрла“ на трансфер
пазарот, па така Каталонците доколку го посакуваат Нејмар повторно во тимот,
прават обиди во нивната парична понуда во пакет да вметнат и одредени ѕвезди од
тимот, сепак, обидите барем засега се безуспешни.
Каталонците
немаат ништо против да го продадат Кутињо ова лето, се чинеше дека тој е
најдобрата солуција во операцијата „Нејмар“, од друга страна пак, Ракитиќ се
соочува со силна конкуренција во средината, особено по доаѓањето на Френки де
Јонг.