Барселона плати повеќе од 25 милиони евра за Жоан Гарсија – причина е инфлацијата

by bojan
1 минути читање

Еспањол добил известување од Ла Лига дека е платена откупната клаузула на голманот Жоан Гарсија, Барселона искеширала сума од 26,3415 милиони евра.

Ла Лига во саботата го известила Еспањол дека Барселона ја активирала откупната клаузула на голманот Жоан Гарсија.

Ова утрово го потврди групацијата Растар (сопственикот на Еспањол) со соопштение испратено до берзата во Шенжен.

Па се очекува во скоро време Барселона и официјално да го потврди ангажманот на Жоан Гарсија.

Неговата откупна клаузула изнесуваше 25 милиони евра, но клубот од Камп Ноу искеширал сума од 26,3415 милиони евра со оглед на тоа дека морала да се направи соодветна корекција поради инфлацијата.

ФОТО: X/RCD Espanyol de Barcelona

Можно е и ова да ти се допаѓа

×