Барселона пак е креативна, со продажба на ВИП пакети до регистрација на Олмо

by 24 фудбал
1 минути читање

Барселона се мачи да го регистрира Дани Олмо поради сериозните финансиски проблеми во последните години.

Клубот од Каталонија има сериозен проблем, шпанскиот репрезентативец е регистриран до 1 јануари, а потоа има опција сам да го раскине договорот. Во Барса се борат да не дојде до такво нешто, не сакаат ниту да остават простор за да се случи тоа.

Барселона повторно мораше да биде креативна и изгледа дека пронајде решение. Клубот ќе продава ВИП пакети од стадионот „Камп Ноу“ и тоа на долг период.

Интересот за овие пакети е огромен, чинат навистина многу и на листата на чекање има пребогати личности. Со оваа акција Барселона се очекува да заработи 120 милиони евра, по што ќе може да го депонира договорот на Олмо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани