Барселона осум пати ја тресеше мрежата на Хуеска! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Дожд од голови на Камп Ноу, а осум од нив беа во мрежата на Хуеска, Барселона буквално го растури противникот кој прв поведе.

Хуеска даде гол уште во третата минута преку Кучо, веројатно тогаш тие се понадеваа дека можат да избегнат пораз од Барселона, но потоа доживеа дебакл кој ќе го паметат.

Меси изедначи во 16. минута, а осум минути подоцна Пулидо си постигна автогол за комплетен пресврт и предност на Барса од 2-1. Суарез во 39. минута погоди за 3-1.

Пред крајот на првиот дел Гаљар даде гол и го намали водството на Барселона, негативата на Хуеска изгледаше пристојно, но во вториот дел примија уште пет гола.

Дембеле, Ракитиќ, Меси, Алба и Суарез ги постигнаа головите во второто полувреме за конечни 8-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×