Барселона останува верна на УЕФА, официјално отстапи од Суперлигата

by 24 фудбал
1 минути читање

Барселона и официјално стави крај на своето учество во приказната наречена Европска Суперлига. Каталонскиот гигант денеска испрати формално известување дека се повлекува од проектот кој пред повеќе од шест години беше промовиран како алтернатива на елитната Лига на шампиони.

По силните политички и спортски притисоци, идејата постепено почна да се распаѓа. Најпрво се повлекоа англиските клубови, потоа италијанските, германските и француските, па во игра останаа само Барселона и Реал Мадрид. Со денешната одлука на Каталонците, мадридскиот клуб останува осамен во обидот да ја одржи иницијативата која најгласно ја туркаше претседателот Флорентино Перез.

„Фудбалскиот клуб Барселона информира дека денеска формално испрати известување дека се повлекува од проектот на Европската Суперлига“, соопштија од клубот.

Иако ваквиот епилог подолго време се најавуваше во јавноста, сега пристигна и официјална потврда. Барселона во обраќањето не наведе конкретни причини за ваквиот чекор, но јасно е дека проектот практично останува без поддршка од најголемиот дел од европската фудбалска елита.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×