„Каталонците“ го продадоа Сержино Дест на ПСВ, но наместо планираните 10 милиони евра, ќе добијат само процент од следната зделка.
Барселона долго време се надеваше дека ПСВ ќе ја искористи опцијата вредна 10 милиони евра во целост да го купи Сержино Дест, но сето ова падна во вода кога десниот бек заработи тешка повреда на коленото, поради која ќе се врати на терените дури во 2025 година.
Па само за да ја тргне неговата плата од сметките, клубот од Камп Ноу беспари го продаде репрезентативецот од САД.
Како што брифираат „каталонците“, договорот предвидува само процент од следниот трансфер.
Сержино Дест пристигна во Барселона од редовите на Ајакс во зделка вредна околу 21 милион евра, плус додатни 5 милиони евра во бонуси, но десниот бек никогаш посериозно не се наметна во стартниот состав.
Agreement with PSV Eindhoven for the transfer of Sergiño Dest
— FC Barcelona (@FCBarcelona) June 29, 2024
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.