Барселона одреди кои двајца фудбалери ќе ги жртвува летоска

by bojan
1 минути читање

Како што пренесува весникот Спорт, Барселона летоска ќе ги продава Феран Торес и Марк Касадо со цел да прибере финансии за реконструкција на тимот.

„Каталонците“ летоска сакаат да донесат две големи имиња, Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид како засилување за нападот, како и Алесандро Бастони од Интер за засилување на одбраната.

Исто така се размислува и за ангажман на млад перспективен офанзивен фудбалер, на листата со желби се играчи како Андреас Шјелдеруп од Бенфика, Јан Вирхили од Мајорка и Виктор Муњоз од Осасуна.

Останува да се види и каква ќе биде и ситуацијата со Маркус Рашфорд, кој може да биде купен во целост за 30 милиони евра.

Со цел да можат да бидат исполнети плановите, Барселона ќе мора и да продава, а како што пренесе Спорт, на листата за отстрел има две имиња.

Во следниот период ќе се прибираат понуди за Феран Торес и Марк Касадо, кои ќе бидат жртвувани за да се скрои тимот според желбите на Деко и Ханси Флик.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×