Раководството на Барселона донесе конечна одлука околу иднината на Маркус Рашфорд. Каталонскиот гигант ќе ја искористи опцијата за целосен откуп и ќе го задржи англискиот напаѓач и по завршувањето на сезоната.
Рашфорд минатото лето пристигна на едногодишна позајмица од Манчестер Јунајтед, а договорот меѓу двата клуба содржи клаузула според која Барса може да го откупи неговиот договор за 30 милиони евра.
Во клубот се задоволни од неговиот придонес, особено од односот и енергијата што ги носи на теренот, без разлика дали стартува или добива шанса од клупата.
Според договорените услови, каталонците ќе ја исплатат сумата во три годишни рати, а со тоа ќе стават крај на сите шпекулации околу евентуално враќање на Рашфорд на „Олд Трафорд“. Интерес за него постоеше и од неколку англиски клубови, но Барселона реши да реагира навреме и да го осигура неговиот потпис.