„Каталонците“ лесно се справија на гостувањето кај Виљареал, со головите на Рафиња и Ламин Јамал стигнаа до победа од 0-2.
Барселона на одмор оди со +4 на табелата во однос на Реал Мадрид, +7 во однос на Атлетико Мадрид и +11 во однос на Виљареал (жолтата подморница има и два натпревари помалку).
Избраниците на Ханси Флик попладнево не погрешија на „Естадио де ла Керамика“ и не им дозволија на ривалите да се доближат.
Резултатот беше отворен во 12. минута, Рафиња од пенал донесе 0-1. Пред крајот на првиот дел, Веига доби црвен картон, домаќините останаа со играч помалку, па веќе тука јасно беше кој ќе ги освои трите бода.
Во продолжението од мечот, Ламин Јамал реализираше за 0-2 во 63. минута од мечот и ги реши сите дилеми.
ФОТО: X/FC Barcelona