749
Според пишувањата
на „Тутоспорт“, се чини дека деновите на Иван Ракитиќ на „Камп Ноу“ се веќе
изброени, па така Хрватот наводно му е понуден на Јувентус, и тоа во замена за
Емре Џан.
По доаѓањето на
младиот Френки Де Јонг во редовите на Барселона, се постави голема дилема околу
иднината на Ракитиќ во дресот на Каталонците, па наводно челниците на тој клуб
активно се во потрага по нова дестинација за Хрватот пред самиот крај на
преодниот рок.
Истовремено, така
е воедно и на спротивната страна, веројатно е дека за Џан нема место во тимот
на „Старата дама“, особено по доаѓањето на Арон Ремси и Адриен Рабио како
слободни играчи на трансфер пазарот.