Барселона не го искористи ремито во Мадрид, загуби од Малага (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Барса имаше шанса бодовно да се изедначи со Реал Мадрид кој има и меч помалку, но не успеа да го направи тоа откако доживеа неочекуван пораз на гостувањето кај Малага.

Триото Нејмар, Суарез и Меси стартуваше на мечот но го имаше можеби својот најлош ден оваа сезона. Особено тоа важи за Нејмар кој заработи црвен картон на 25 минути пред крајот на натпреварот.

Головите за Малага ги постигнаа Рамирез во 32. минута и Џони во последните моменти од натпреварот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани